Author Archives: opstinaadmin

ПОВТОРЕН ОГЛАС за пријавување на кандидати за полагање на испит за авто-такси возачи

1

Комисијата за спроведување на постапката и програмата за полагање  на испитот за добивање на сертификат за авто-такси возач во општина Василево објавува  ПОВТОРЕН ОГЛАС за пријавување на кандидати.

Пријавувањето  се врши во архивата на општина Василево.

Право на пријавување имаат сите заинтересирани возачи на територијата на општина Василево.

Краен рок за пријавување е  23.12.2019 година.

Полагањето ќе се изврши во просториите на општина Василево  на ден  26.12.2019 година со почеток во 12,00 часот.

 

Општина Василево,

Комисија за спроведување на постапка за полагање

на испит за добивање на сертификат

за авто-такси возач

Претседател,

Бранко Андонов

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево и општина Субаши од Р.Турција потпишаа Меморандум за соработка

DSC_1003_1280x851

Денес, во просториите на општина Василево, градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев и Недрет  Ѓулен, претставник на општина Субаши од Р. Турција, потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете општини.

Целта, како што стои во документот е меѓусебна размена на искуства во областа на образование, спорт и култура од која бенефит ќе имаат и двете страни.

Денес потпишаниот Меморандум е продолжение на речиси двегодишното пријателство, соработка  и меѓусебна комуникација меѓу двете општини.

„ Следниот очекуван и посакуван чекор во насока на продлабочување на соработката со општина Субаши е збратимување на  нашите општините  со што би се зацврстиле воспоставените релации и би се створиле услови и за поконкретни активности меѓу двете општини“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев по денешното потпишување на Меморандумот.

DSC_1027_1280x851

DSC_1001_1280x851

DSC_1006_1280x851

DSC_1011_1280x851

DSC_1014_1280x851

DSC_1021_1280x851

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево домаќин на одбележувањето на Денот на настава на турски јазик

naslov

Синоќа, во спортската сала во Василево, општина Василево беше домаќин на настан за одбележување на Денот на наставата на турски јазик – 21 Декември. Присутните, главно граѓани од турската заедница во општина  Василево,  ги поздрави градоначалникот на општината Марјан Јанев.

„Има ли поубав показател за нашиот соживот, взаемно почитување и разбирање, од ова наше вечерашно заедничко дружење и празнување.
Взаемната почит надградена со искрени заложби за подобар живот, соработка врз рамноправно основи, добра волја и желба за надминување на проблемите преку взаемен договор е најдобриот показател дека се движиме во вистинска насока“ им порача градоначалникот Јанев на своите сограѓани.

На свечениот настан присуствуваа и гости од Р.Турција, претставници од општини со кои општина  Василево во последните две години воспостави комумикација и пријателски односи со тенденција за конкретна соработка во неколку области.

3_1280x960

9_1280x960

19_1280x960

23_1280x960

24_1280x960

naslov

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево одбележа 23-години од своето постоење

1

Со Свечена Седница, Советот на општина Василево ја одбележа 23-годишнината од своето постоење.   Седницата ја отвори Претседателот на општинскиот Совет, Крсте Панев, кој во своето поздравно обраќање рече:

„Актуелниот Совет како алка од еден синџир кој започнал да се плете пред 23 години, надоврзувајќи се на веќе направеното, изграденото, постигнатото,  со своите Одлуки, продолжува да гради, надградува,  доградува и проширува врз основите поставени од нашите претходници.

Тргнувајќи од потребите и идеите на граѓаните чии интереси ги застапуваме и претставуваме, преку Одлуките, Плановите и Програмите што ги носиме,  заедно со  Градоначалникот и поддршката од општинската администрација, ги преточуваме во проекти со чија реализација ги уредуваме и  развиваме нашите населени места, ја градиме нашата општина Василево, како локална заедница каде квалитетот на животот на сите граѓани,  од сите населени места,   е единственото мерило и  критериум за развој“.

На присутните им се обрати и првиот човек на општината, градоначалникот Марјан Јанев, кој посебно се осврна на резултатите и достигнувањата на општина Василево, за време на неговиот мандат односно периодот од последните две години.

„ Граѓаните на општина Василево, верувам, ги препознаваат резултатите од 23 годишното постоење на општина Василево, бидејќи тие се најверни свидетели на промените и развојот.

Со целосна почит кон трудот и резултатите на моите претходници, во денешното обраќање ќе се осврнам на периодот од последните две години, на кои гледам како на продолжување на заедничкиот проект  „Општина Василево – наш заеднички дом“, чии темели ги постави првиот градоначалник, Добрин Андонов,  за потоа континуираниот развој да го продолжат,  Методи Митев, Славе Христов и Ванчо Стојано. Како актуелен градоначалник во мојот  двегодишен мандат,  секојдневно,  макотрпно, посветено, со целиот свој капацитет, заедно со мојот тим и општинската администрација се вложувам во нејзиниот развој, во нејзината изградба, оставајќи свој печат во секое населено место преку  реализираните проекти кои значат подобар живот на целокупната заедница“, рече Јанев кој во продолжението од своето обраќање ги презентираше реализираните активности, кои како што кажа се во насока на продолжување на заедничкиот проект  „Општина Василево – наш заеднички дом“.

Деловните партнери и соработници кои имаат посебен придонес во развојот и промоцијата на општината, добија Благодарници, како и ученици од двете основни општински училишта кои се истакнуваат со постигнатите резултати и воедно ја афирмираат и промовираат општина Василево.

1

2

3

4

7

8

10

11

12

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

ОТЧЕТ на градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев за периодот 2017 – 2019

FVG_3936_1-horz

Почитувани сограѓани!

Зад нас се две години откако Вие ми ја дадовте довербата да  раководам и управувам  со општина Василево; две години во кои како прв човек на општината, секојдневно со целиот мој капацитет, заедно со мојот тим,  заедно со целата општинска администрација, секојдневно работам на реализација на проектите  кои значат подобар живот за сите нас,  на кои општина Василево ни е заеднички дом.

Овде сум за да дадам отчет за сработеното во двете изминати години;   јавно,  пред сите,  Вас онака како што ја барав Вашата доверба.

Во сите области во кои како локална самоуправа имаме надлежности интервениравме и реализиравме проекти  кои заедно со Вас ги утврдивме како приоритни.

Сепак најмногу бевме ангажирани во сферата на локалната патна инфраструктура.

Конкретно, во населеното место Василево асфалтиравме една  улица во должина од 105 метри и  ја реконструиравме улицата од поштата до повеќенаменското игралиште во должина од 300 метри, која е со атмосферска канализациона мрежа, пешачки патеки од двете страни на улицата и ново улично осветлување. Средствата за оваа улица се грант обезбеден од ИПА предпристапните фондови.  Тековно работиме на реконструкција на улицата од пошта до црква, во должина од 216 метри, за која средствата во висина од околу 4 000 000 ден. се обезбедени од АФПЗРР. До крајот на оваа календарска година во ова населено место ќе асфалтираме уште три улици.

Во населеното место Ангелци асфалтиравме една улица во должина од 150 метри,  во населеното место Градашорци асфалтиравме четири улици и тоа во должина од 120, 150, 180 и 200 метри. Во ова населено место изградивме и тротоар во должина од 425 метри. со сопствени средства. Во населеното  место Седларци асфалтиравме две улици со должина од околу 80 метри  и 170 метри, исто така  со сопствени средства.

Во населеното место Висока Маала  асфалтиравме три помали улици во вкупна должина од околу 120 метри, а до крајот на оваа календарска година ќе асфалтираме уште 150 метри локални улици. Асфалтиравме и во населеното место Пиперево и тоа 4 улици во должина од 650 метри за кои исто така средствата се обезбедени од општинскиот Буџет. Во населеното место Сушево изградивме две улици во должина од 75 и 140 метри, за кои исто така средствата се обезбедени од нашиот Буџет.  До крајот на годината овде ќе асфалтираме уште една улица во должина од 150м. како и  реконструкцијата и ревитализацијата на локалниот пат Ново Владевци – Сушево, клучка со магистралниот пат А4 Струмица – Скопје, па се до центарот на с. Сушево, во должина од 1878 м, за кој средствата ги обезбедивме од АФПЗРР.

Асфалтиравме и во населеното место Нова Маала и тоа улица во должина од 290 метри за која од сопствениот Буџет издвоивме околу 1 100 000 денари, а во фаза на изградба е улицата која води кон резервоарот, долга 181 метар,  за која дел од средствата се обезбедени од Светска банка а дел сопствени средства.

Исто така во тек е изградбата и на последниот дел  локалниот  пат Чанаклија – Нова Маала, во должина од  1700 м. за кој средствата во висина од околу 12 000 000 денари се обезбедени од АФПЗРР

 Во населеното место Добрашинци во завршна фаза на изградба е улица  во должина од 420 метри, а тековно работиме и на изградба на уште една улица долга 240 метри. До крајот на оваа календарска година треба да завршат и активностите на  Реконструкција на патот од крстосница со с. Добрашинци до Брана Турија, долг 1км. кој го градиме во партнерство со ЦРЈИПР и средства од АФПЗРР. Во партнерство со ЈИПР, преку БРР  деновиве обезбедивме  и  дополнителни 4,9 милиони денари со кои во индустриската зона  ќе изградиме улица во должина од околу 230 метри.

 Во текот на минатата година со средства од општинскиот Буџет, извршивме и санација на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци.

На тоа треба да се додат и реконструкциите направени од страна на Владини институции. На наша иницијатива и барање  ЈП за државни патишта изврши реконструкција на  патот Василево – Струмица во делот од Василево до  Добрејци, регионалниот пат  Градашорци – Вељуса (800 м.) како и дел од регионалниот пат во с. Владевци во должина од околу 500 м.

Кога сме кај локалната патна инфраструктура сакам да ве информирам  дека како локална самоуправа интервениравме и инвестиравме и во  полските патишта олеснувајќи им го пристапот на земјоделците до нивните ниви. Во 2018 година во населените места Василево, Висока Маала и Нова Маала во соработка со Јавното комунално претпријатие „Турија“ од Василево   уредивме околу 2 км земјени патишта. За оваа активност општина Василево издвои околу 80 000 денари од сопствениот Буџет. Оваа година слична активност но овојпат во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопавство реализиравме во населените места Пиперево, Василево, Градашорци и Радичево. Во овие населени места вкупно беа уредени околу 2,5 км селски земјени патишта.

Во сферата на комуналните дејности во кои спаѓа   водоснабдувањето, третманот и одведувањето на отпадни води, јавното осветлување,  јавната чистота, собирањето,  транспортот и постапувањето   со комуналниот отпад  и заштитата на животната средина реализиравме повеќе проекти со кои позитивно влијаеме врз целокупното животно опкружување:

- Во соработка со ЈПКД  „Турија“, Василево  извршивме комплетен ремонт и чистење на филтер станиците за вода Ташли Баир и Добрашинци, решавајќи го долгогодишниот проблем со квалитетот на водата за пиење на населението кое   со вода за пиење се снабдува токму од овие  водоснабдителни  системи. Буџетот за оваа активност изнесуваше околу 700 000 денари и истите ги обезбедивме од сопствени извори. Извршивме ремонт и на водоводната линија во с. Дукатино а нова водоводна линија  во должина од 1000 метри изградивме во новата индустриска зона КО Градашорци која се простира од десната страна на локалниот пат што од М-6 води кон Добрашинци во м.в Гладно поле.

Во населеното место Пиперево изградивме нов крак на системот за фекална канализација во должина од 380 метри, за што од општинската каса издвоивме 350 000 денари.

Со инвестиција од 1 200 000 денари изградивме нов крак на  атмосферска канализација во Градашорци во должина од 200 метри на потегот покрај објектите на АД Струмичко поле, решавајќи деценски проблем со поплавувањето на домовите и нивите во Градашорци. Атмосферска канализација изградивме и во турското маало во Василево како и  во турското маало во Нова Маала, а во населеното место Сушево изградивме одводен канал во должина од 40-тина метри, за кој средствата во висина од 90 000 денари ги обезбедивме од сопствениот Буџет.

Во населеното место Едрениково комплетно го решивме проблемот со собирање и третман  на отпадните води: Во партнерство со УНДП и ЦРЈИПР и средства од Швајцарската агенција за развој и соработка изградивме систем за фекална канализација и прочистителна станица со покриеност за целото населено место.

Од ЕУ фондовите преку УНДП набавивме 94 големи контејнери за смет, инвестиција која вреди околу 26 000 евра. Во тек сме и на постапка за набавка на уште еден камион за собирање и транспорт на отпад со што ќе го зголемиме капацитетот на Јавното комунално претпријатие и ќе створиме можности,  со услугата собирање на смет да ги покриеме сите домаќинства од општина Василево.

Во партнерство со општините Босилово и Ново Село во рамки на ИПА Програмата  набавивме и специјално возило – универзален ровокопач- машина вредна околу 60 000 евра, чија намена е повеќекратна.

Во фаза на имплементација сме на уште еден  мошне значаен  проект чиј бенефет допрва ќе го почувствуваат граѓаните на нашата општина:  Станува збор за  Реконструкција и одржување на улично осветлување на територијата на целата општина. Овој проект кој ќе се реализира преку ЈПП по ЕСКО модел  ќе се направи замена на сите улични светилки со лед,  еколошки, штедливи. Проценетата вредност на овој проект изнесува 28 500 000 денари и истите ќе бидат обезбедени од страна на партнерот инвеститор.

Инвестиравме и во областите спорт,  образовани и  култура, детска и социјална заштита кое несомнено имаат големо значење врз она што значи социјализација на личноста и  нормално функционирање во средината.

Деновиве завршивме со реконструкцијата на Домот на културата во Нова Маала и негова адаптација во спортска сала која првенствено ќе ја користат учениците од ООУ „Атанас Нивичански“ за  изведување на наставата по спорт и физичко образование но и сите останати жители не само на Нова Маала туку и на целиот овој Подогражденски регион за спорт и  рекреација. Проектот се реализираше во две фази. Буџетот за првата фаза во износ од 2,5 милиони денари е обезбеден од општинската каса, а за втората фаза  средствата изнесуваат околу 1 700 000 денари и се  обезбедени од БРР преку Програмата за рамномерен регионален развој,  Проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби.

Ги реконструиравме оградите на училишните дворови во Нова Мала и Висока Маала, извршувме варосување на ООУ „Гоце Делчев“, Василево, пред кое заради зголемување на безбедноста на учениците изградивме и автобуска постојка. Во соработка со УНДП во тек е и изработка на техничка документација за целосна реконструкција на ова училиште. Се подготвува и техничка документација за уредување на дворот на ООУ „Гоце Делчев“, Василево и подрачното училиште во Ангелци.

За приближување на услугите од областа на социјалната заштита во тек е постапка на отварање на подрачна канцеларија на МТСП  во нашата општина. Во соработка со ова Министерство во тек е и проектот за добивање грант за ангажирање на асистенти за грижа на стари лица. Во тек е и  финализација на активностите околу одобрувањето  на средства за изградба на детска градинка во населеното место Ангелци, преку МТСП и Светска банка.  Реализацијата на овој проект, односно изградба на детска градинка,  ќе започне во март наредната година.

Во насока на подобрување на условите за спорт инвестиравме и во големото фудбалско игралиште во Василево, каде освен редовното одржување на теренот  оваа година со средства од Буџетот на општина Василево ги реконструиравме трибините. Како општина се јавуваме како главен покровител или организатор на спортските турнири и манифестации кои се одржуваат во речиси сите населени места.

Како основа за планскиот развој на населените места, општина Василево во изминатите две години инвестираше и во изработка на урбанистичко планска документација:

Во соработка со Министерството за животна средина изработена е техничка документација за систем за фекална канализација за индустриската зона Градашорци;

Во соработка со МТВ се изработува техничка документација  за три улици во Василево. Изработена  е и техничка документација за улицата во Добрашинци од 420 метри која е во тек на изградба и улицата во Василево од пошта до црква која исто така е во тек на изградба. Основни проекти за улица во Пиперево од влез до центар, улица во Чанаклија исто така од влезот на населеното место до центарот,   реконструкција на локален пат од крстосница Добрашинци до центар на Добрашинци, реконструкција на локален пат од центар на Добрашинци до центар во Нова Маала, улица во Сушево, улица во Нова Маала која води кон гробиштата, како и техничка документација за мост на река Водочница, техничка документација за отворениот канал во Градшорци, за повеќенаменско игралиште во Висока Маала, за оградување и уредување на училишните дворови во Ангелци и Василево, како и за реконструкција на ООУ„Гоце Делчев“ Василево која се работи со финансиска поддршка на УНДП.

Успеавме да обезбедиме средства од страна на МТВ за изработка на ДУП за село Василевокој започна да се изработува од летото оваа година. Исто така во тек е и изработка на ДУП за село Пиперевокој започна да се работи во 2018 година. Во завршна фаза е и изработката на детални  урбанистилки планови за населените места Градшорци, Ангелци и Владевци.

Но ние не застануваме овде. Нашите активности и проекти како и бенефитот  од нив не се на дневна основа, најчесто тоа се активности  чие времетраење од идеа до реализација е прилично долг. Знаејќи дека секогаш можеме повеќе и подобро, заедно како и досега ќе продолжиме по патот на развојот, преку  реализација на нови проекти кои ќе гарантираат  подобрување на целокупниот амбиент во кој се одвива животот на сите нас, граѓаните на општина Василево.

Ваш градоначалник,

Марјан Јанев

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

ИЗВЕСТУВАЊЕ за Измена на терминот за пријавување учество на Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал, Василево 2019/2020

turnir

Почитувани,

Од име на организаторот на Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал, Василево 2019-2020, Ве известуваме дека рокот за пријавување учество во турнирот и стартот на натпреварите се пролонгираат. Пријавувањето ќе трае до 20.12.2019 година до 16.00 часот, а почетокот на турнирот ќе биде наредниот ден, на 21.12.2019 година.
Одредувањето на паровите за игра ќе се изврши на 20.12.2019 во 17.00 часот во просториите на Спортска сала во Василево. Останатите правила остануваат исти.
Котизацијата за учество изнесува 5000 денари.
Екипите треба да бројат од 6 (шест) до максимум 10 (десет) играчи, со право на учество во својот состав до најмногу 2(двајца) професионални играчи.
Вкупниот награден фонд изнесува 200 000 денари.
Натпреварите ќе се играат во спортската сала на ООУ„Гоце Делчев“ во Василево, со почеток од 18.00 часот.
За пријавување учество и дополнителни информации заинтересираните треба да се обратат кај организаторите на турнирот на еден од следните телефонски броеви 071 239 344 и 076 404 090.
Турнирот се одржува под покровителство на општина Василево и градоначалникот Марјан.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Свечена седница на Советот на општина Василево

LOGO, Opstina Vasilevo-horz

По повод 23-годишнината од конституирањето на Советот на општина Василево и оснивањето на ЕЛС Василево, во понеделник, 16.12.2019 Советот на општина Василево ќе одржи Свечена седница.

Свои обраќања на седницата ќе имаат претседателот на Советот на општина Василево  Крсте Панев и  градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев.

Седницата ќе започне во 11,00 часот, а ќе се одржи во  ресторанот Ројал парк, Струмица.

za sajt

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Пријавување за Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал, Василево 2019/2020

turnir

По повод Новогодишно-Божиќните празници, во Василево,   покровителство на локалната самоуправа и градоначалникот Марјан Јанев  се организира  традиционалниот ноќен Новогодишно-Божиќен турнир во мал фудбал што ќе започне на 17-ти декември 2019 година.

Пријавувањето започнува од 10.12. 2019 и ќе трае до 16.12.2019 година до 16.00 часот.

Одредувањето на паровите за игра ќе се изврши на 16.12.2019 во 17.00 часот во просториите на Спортска сала во Василево

Котизацијата за учество изнесува 5000 денари.

Според правилата, екипите треба да бројат од 6 (шест) до максимум 10 (десет) играчи, со право на учество во својот состав до  најмногу 2(двајца) професионални играчи.

Вкупниот награден фонд изнесува 200 000 денари.

Натпреварите ќе се играат во спортската сала на ООУ„Гоце Делчев“ во Василево,  со почеток од 18.00 часот.

За пријавување учество и дополнителни информации заинтересираните треба да се обратат кај организаторите на турнирот на еден од следните телефонски броеви 071 239 344 и 076 404 090.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Технички прием на прочистителната станица во с. Едрениково

naslov

Денес, во населеното место Едрениково, беше извршен технички прием и пробно пуштање во употреба на прочистителната станица за третман на отпадни води од домаќинствата, изградена во рамки на проектот „Управување со сливот на река Струмица“, кој го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и  Швајцарската агенција за развој и соработка.

На техничкиот прием и пробното пуштање во употреба присуствуваа претставници на производителот на опремата, на изведувачот, надзорниот орган, Центарот за развој на ЈИПР како партнер и имплементатор на проектот и претставници од општина Василево.

„Прочистителната станица заедно со неодамна изградената канализациона мрежа претставува функционален систем со капацитет за собирање и прочистување на отпадните води од сите домаќинства во населено место,  со што  во Едрениково комплетно е решен проблемот со собирање и третман на отпадните води од домаќинствата, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев во врска со финализирањето на овој капитален проект и при тоа изрази благодарност до сите партнери вклучени во неговата имплементација.

„До сите партнери и соработници изразувам огромна благодарност за реализацијата на овој проект, кој  имајќи го предвид значењето на заштитата на животната средина, ги надминува локалните рамки и  има глобално значење“, изјави Јанев.

Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од  Швајцарската агенција за развој и соработка.

Она што следува, а е од интерес пред се на жителите на с. Едрениково е постапката за приклучување кон системот, која ќе започне во најкраток можен период, односно по завршувањето на примопредавањето на мрежата на Јавното комунално претпријатие „Турија“, Василево  како надлежно за оваа област.

Прочистената вода ќе се испушта во реката Сушица и ќе ги задоволува физичко- хемиските стандарди за испуштање во површински водотек.

DSC_0946_1280x851

DSC_0949_1280x851

DSC_0952_1280x851

DSC_0956_1280x851

DSC_0958_1280x851

DSC_0980_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Се асфалтираат три улици во Пиперево

naslov

Општина Василево асфалтира три улици во населеното место Пиперево во вкупна должина од 355 метри. Инвестицијата изнесува околу 1 150 000 денари, обезбедени од општинскиот Буџет. Улиците се на различни локации и со различни должини и тоа 165, 120 и 70 метри и ширина до околу 3,5 метри која зависи од постојната состојба и условите на терен.

Градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев денес беше во Пиперево каде присуствуваше на асфалтирањето на една од трите улици. Јанев информираше дека  асфалтирањето во Пиперево ќе се одвива во континуитет, односно ќе се асфалтираат и трите улици.

„Присуствував на асфалтирање на една од трите улици кои во моментот ги работиме во Пиперево, а тоа е улицата која се наоѓа десно пред црквата Св. Ѓорѓи.  Согласно планираната динамика, по асфалтирањето  на оваа улица  во континуитет ќе се продолжи со асфалтирање и на другите две улици, кај кои се завршени сите други активности и се  подготвени  за последната, завршна фаза. Жителите на Пиперево кои гравитираат кон овие улици и се нивни најдиректни корисници веќе од денес и утре ќе  ги  почувствуваат бенефитите од оваа инвестиција“, информираше градоначалникот Јанев кој потврди дека во континуитет ќе бидат асфалтирани и другите две улици.

Овие улици се во рамки на Програмата за изградба на локални патишта и улици на општина Василево за 2019 години, за кои средствата се обезбедени од општинскиот Буџет. Изведувач  на работите на терен  е градежната компанија Портланд.

DSC_0918_1280x851

DSC_0925_1280x851

DSC_0931_1280x851

DSC_0938_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail