Новости

Полициски час за време на продолжениот викенд

Забрана за движење, духовден

На денешната седница на Влада, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, се донесени следниве одлуки со цел брза и ефикасна реакција за спречување на ширењето на коронавирусот. Се воведува целосна забрана на движењето на сите граѓани во Скопје (сите скопски општини), Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, почнувајќи…

Continue reading

Распоред за упис на првачињата во ООУ„Гоце Делчев“, Василево

1

Уписот на деца во прво одделение  во ООУ„Гоце Делчев“, Василево за учебната 2020/2021 година,  ќе започне од  10 јуни и ќе трае до 25-ти јуни. Изготвен е распоред според кој стручните служби ќе ги посетат подрачните училишта во населените места: РАСПОРЕД ЗА УПИС НА ДЕЦА ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ВО УЧЕБНАТА 2020 / 2021 ГОД. ПО…

Continue reading

СООПШТЕНИЕ од ЈПКД „Турија“, Василево – утре населеното место Василево, без вода

111

ЈПКД „Турија“, Василево, ги известува жителите на населеното место Василево, дека на ден 02.06.2020 година (вторник), поради дефект на главниот цевковод, ќе биде прекинато водоснабдувањето. Прекинот ќе започне во 07,00 часот и ќе трае се до отстранување на дефектот.  Со почит ЈПКД  „Турија“ Василево в.д директор Зоранчо Ѓорѓиев

Од денес полицискиот час е укинат

5

Владата на Република Северна Македонија донесе одлуки со кои: – Од денеска, 27 мај, целосно престанува забраната за движење на територијата на Република Северна Македонија – Од 28 мај отпочнуваат со работа угостителските објекти со тераса. – Од 1 јуни ќе престанат да важат заклучоците со кои вработени лица се ослободени по различни основи од…

Continue reading

Честитка по повод Рамазан Бајран од градоначалникот Јанев

cestitka, Bajram

Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев по повод празникот Рамазан Бајрам, од свое лично име и од име на општина Василево, на припадниците од Муслиманска вероисповед им го честиташе празникот: „На сите наши сограѓани, другари, колеги, пријатели од Муслиманска вероисповед им го честитаме празникот Рамазан Бајрам со желби за среќа, здравје и берикет во нивните…

Continue reading

Маркети и продавници кои ќе работат за време на продолжениот полициски час

забрането движење

Почитувани сограѓани! Општина Василево и Општинскиот кризен  штаб како надлежни субјекти  Ве информираат кои стопански субјекти, односно продавници и  маркети   ќе работат односно ќе бидат достапни за време на продолжениот полициски час за време на викендот. По принципот на порачки по телефон и достава до домашна адреса  ќе работат следниве трговски  субјекти:

Се гради улица во индустриската зона во Василево

2

Со околу 4,9 милиони денари обезбедени од Советот за рамномерен регионален развој преку Центарот за развој на ЈИПР, општина Василево гради улица во индустриската зона. Улицата се протега помеѓу објектите на Тритерол и Евромак и е со должина од 231 метар и ширина од 6 метри. „Стварањето услови за развој на локалната економија е еден…

Continue reading

Се асфалтираше улица во с. Добрашинци

1

Општина Василево денес асфалтираше улица во населеното место Добрашинци, лоцирана во т.н Турско маало Улицата е долга 240 метри и широка околу 3,5 метри. Како што изјави градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев кој присуствуваше на денешното асфалтирање, со асфалтирањето на оваа улица се решава еден децениски проблем за жителите од ова населено место. Изградбата…

Continue reading

Известување од МЗШВ за земјоделците

LOGO, Opstina Vasilevo

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделците кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои во периодот додека трае забраната за движење во недела 24.05.2020 година и понеделник 25.05.2020 година,  имаат потреба за извршување на земјоделски активности надвор од атарот на своите населени места, неопходно е телефонски да ги…

Continue reading

Известување за маркетите за работа за време на забраната на движење овој викенд

LOGO, Opstina Vasilevo

Согласно мерките на Владата на Република Северна Македонија за дополнителните ограничувања на движењето, Кризниот штаб на општина Василево ги информира економските оператори (маркети и здравствени аптеки) на територијата на општина Василево, кои сакаат и имаат услови да работат за време на полицискиот час, да достават БАРАЊЕ до Кризниот штаб на општина Василево. Барањето кое е…

Continue reading