Author Archives: opstinaadmin

Новогодишно-Божиќна честитка од градоначалникот на општина Василево

FVG_3932_1_1280x853

Почитувани сограѓани!

Кога зад нас ја оставаме Старата и со многу надеж,  планови и очекувања  ја дочекуваме Новата година, искрено и од се срце Ви посакувам исполнување на сите ваши желби и поставени  цели.

Зад нас е година на многу реализирани планови и проекти, на многу завршени задачи и стекнати искуства;  Година во која заеднички планиравме и работевме на подобрување на целокупниот амбиент во кој се одвива нашето секојдневно живеење.

Зас нас е година на многу успешно исполнети задачи  и постигнати цели, но и година на многу предизвици кои допрва,  заеднички  како и досега ќе ги реализираме.

Новогодишно-Божиќните празници се најубавиот период од годината, кога заедно со своите најблиски славејќи за  успесите и постигнатото,  со оптимизам  гледаме во иднината и му се радуваме на новото.

Со убава желба и позитивна мисла да зачекориме во годината што иде, и да си посакаме успешна да ни биде.

Од мое лично име и од име на општина Василево, искрено и од се срце, Ви  посакувам  да бидете  сите здрави и живи, среќни и весели,  и во хармонија и слога да ги поминеме празниците што идат.

 Ви посакувам среќна и бериќетна Нова 2020 година и весели Божиќни празници.

Општина Василево

Градоначалник

Марјан Јанев

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Известување за крводарителска акција

DSC_1099_1280x851

Заедничките хумани акции на доброволно дарување крв, што традиционално, повеќе години наназад  заедно ги спроведуваат  ОО на Црвен крст од Струмица, Заводот за трансфузиона медицина и општина Василево, продолжуваат и во наредната 2020 година.

Првата крводарителска акција во општина Василево, 2020 година ќе се одржи на ден 08.01.2020 година (среда) во периодот од 09,00 до 14,00 часот во просториите на општинската зграда.

Упатуваме покана до сите граѓани, да земат учество во оваа хумана акција, и дарувајќи од  својата крв да  се вклучат во дарувањето на најубавиот подарок за секој поединец – шанса за спасување на нечиј живот.

Организаторите на акцијата на сите дарители на крв им посакуваа среќни и весели Новогодишно-Божиќни празници, многу  здравје и долг  живот.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Асфалтирани три улици во с. Василево

naslov

„Денес се асфалтираа три улици во населеното место Василево, со што го подобруваме пристапот на граѓаните до своите домови, а со тоа и квалитетот на живеење“, изјави градоначалникот на општина Василево,  Марјан Јанев по повод асфалтирањето на трите улици во населеното место Василево. Улиците се со должина од  155, 120  и 100 метри, а ширината е околу 3,5 метри, односно зависи од условоте на теренот. Две се лоцирани  од левата страна на влезната улица во Василево а едната е во т.н Турско маало, во непосредна близина на Домот на културата во Василево.

Изградбата на овие улици е планирана со Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2019 година, а средствата во висина од околу 1,5 милиони денари се обезбедени од општинскиот Буџет.

6

8

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево го донесе Буџетот за 2020 година

naslov

Советот на општина Василево на денешната редовна 29-та седница, го донесе Буџетот на општина Василево за  наредната 2020 година, кој тежи  вкупно  175 106 000 денари,  што е за околу 25 000 000 денари помалку во однос на Буџетот од 2019 година.

Овој износ се однесува на целокупниот, консолидиран Буџет,  во кој се вклучени и Буџетите на единките корисници  (двете основни општински училишта „ Гоце Делчев“ и „Атанас Нивичански“ и детската градинка „Прва радост“), додека  Основниот Буџет на општината, изнесува 87 700 000 денари.  Анализирано според структурата, во приходниот дел од самофинансирачки активности планирани се 5 730 000 денари,  од дотации 73 306 000 денари,   од донации  2 000 000 денари и 4 370 000 денари по основ на кредити.

Што се однесува до расходниот дел, за капитални расходи планирани се 36 260 000 денари, односно околку 45% од основниот буџет.

Во контекст на овааа проблематика усвоени беа и Предлог-одлуката за извршување на Буџетот и Предлог-одлуката за утврдување на вредноста на платите на административните службеници.

Советниците  ги усвоија и Предлог-Одлуката за утврдување на висината на пазарната вредност на недвижниот имот на територијата на општина Василево, Предлог- програмата за работа на Советот на општина Василево за 2020 година, Програмата за работа на ЈПКД „Турија“ п.о Василево за 2020 година, Статутите и Финансиските планови за 2020 година на  двете основни општински училишта „Гоце Делчев“ Васдилево и „Атанас Нивичански“, Нова Маала. Согласност доби и Финансискиот план на детската градинка ЈОУДГ„Прва радост“, Василево.

Како дополнителен предлог на дневниот ред беше разгледана и усвоена Одлука за пренесување на правото на користење и управување со атмосферскиот канализационен систем во с. Василево од  поштата  до повеќенаменско игралиште на ЈПКД „Турија“, Василево.

Позитивно беше одговорено и на неколкуте барања за финансиски средства поднесени од правни и физички лица.

DSC_1061_1280x851

DSC_1062_1280x851

DSC_1067_1280x851

DSC_1069_1280x851

DSC_1072_1280x851

DSC_1076_1280x851

DSC_1077_1280x851

DSC_1082_1280x851

DSC_1084_1280x851

DSC_1086_1280x851

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

С О О П Ш Т Е Н И Е oд ЈПКД „Турија“ п.о Василево

1111

Им се соопштува на жителите од населените места Чанаклија, Нова Маала и Добрашинци, дека поради реконструкција на филтер станицата, водата за пиење нема да биде за употреба, односно ќе се пушти техничка вода.

За завршувањето на  реконстрикцијата на филтер станицата населението ќе бидете дополнително известено, со што ќе може непречено да се користи водата за пиење.

 

ЈПКД „Турија“ п.о Василево

ВД Директор

Зоранчо Ѓорѓиев

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во населеното место Василево се градат три улици

naslov

Во населеното место Василево, деновиве се  работи на три улици, планирани за изградба со Програмата за изградба на локални патишта и улици за 2019 година.

Според информацијата од градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, подготвителните активности, односно, ископ, порамнување и тампонирање, се одвиваат паралелно и на трите улици,  пракса која ќе продолжи до финализаирањето односно асфалтирањето на улиците кое би требало да се изврши  деновиве.

„Изведувачот, последоватолно ги работи и трите улици од кои двете се од левата страна на  влезната улица во општинскиот центар, а едната е во близина на Домот на културата во т.н Турско маало. По завршувањето на подготвителните активности  кои се во завршна фаза,  во континуитет ќе се продолжи со асфалтирање, што значи  многу брзо и трите улици ќе бидат комплетно готови“, информираше градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев.

Должината на улиците изнесува 155, 120 и 100 метри а ширината зависи од постојната ситуација на теренот и изнесува  околу  3,5 метри.

Вкупниот Буџет за трите улици изнесува околу 1,5 милиони денари  и истите се обезбедени од општинскиот Буџет.

 1_1280x960

3_1280x960

7_1280x960

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 29-та седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

На 27.12.2019 година (петок) со почеток во 12,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи 29-та Седница, последна во оваа календарска година.

За работа на Седницата предложен е следниот  дневен ред:

  1. Донесување на Одлука по Барање за финасиски средства поднесено од Илија Димитров од с. Василево;
  2. Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Црковен одбор од с. Ангелци;
  3. Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од ЗЗП „Агросојуз“- Василево;
  4. Предлог-Одлука за утврдување на висината на пазарната вредност на недвижниот имот на територијата на општина Василево;
  5. Предлог-програма за работа на Советот на општина Василево за 2020 година;
  6. Донесување на Одлука по Барање за финасиски средства поднесено од Драги Тодоров од с. Ангелци;
  7. Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Борчо Атанасов од с. Пиперево;
  8. Програма за работа на ЈПКД „Турија“ п.о Василево за 2020 година;
  9. Предлог-Буџет на општина Василево за 2020 година;
  10. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општна Василево за 2020 година;
  11. Предлог-Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на административните службеници за 2020 година;
  12. Статут на ООУ„Атанас Нивичански“, с. Нова Маала, општина Василево;
  13. Давање согласност на Финансискиот план на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала за 2020 година донесен од Училишниот Одбор на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала;
  14. Давање согласност на Финансискиот план на ООУ„Гоце Делчев“, Василево за 2020 година донесен од Училишниот Одбор на ООУ„Гоце Делчев“, Василево;
  15. Статут на општинското основно училиште „Гоце Делчев“, Василево;
  16. Давање согласност на Годишниот финансиски план на ЈОУДГ„Прва радост“ Василево за 2020 година донесен од Управниот одбор на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Васiлево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Денес заврши асфалтирањето на патот кон Браната Турија

naslov

Денес заврши асфалтирањето на патот што води кон брана Турија –  еден од најзначајните туристички локалитети на територијата на општина Василево. Должината на  делот што се асфалтираше изнесува 800 метри, а ширината на коловозната лента е 5,5 метри.

Проектот се реализираше со Поддршка на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година, од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој , мерка 323, Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните средини. Вкупниот Буџет за реализација на овој проект изнесува околу 12 000 000 денари од кои околу 10 000 000 денари обезбедени преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион а околу 2 000 000 денари  се од општинската каса.

„Овој пат има регионално значење со оглед на фактот дека води кон браната Турија, која покрај тоа што е еден од најзначајните туристички локалитети во општина Василево,  со подобрувањето на патната инфраструктура ќе стане поатрактивна дестинација за поголем број посетители со што ќе влијае на туристичкиот развој како на општина Василево така и на поширокиот регион во целина“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев кој присуствуваше на денешното асфалтирање.

3

8

11

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Повик за поднесување на понуди (ППП) за набавка на возило за собирање на комунален смет

DSC_1057_1280x851

Повик за поднесување на понуди (ППП)

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP)

MSIP-NCB -137-19

  1. Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN Development Business со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година (печатено издание) и електронски објавена на 06 јануари, 2010 година.

 

  1. Република Македонија доби грант средства од Светска Банка и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор занабавка на специјално моторно возило за собирање на комуналнен смет со капацитет од 5,5 м3за потребите на ЈКП Турија – Општина Василево .

 

  1. Општина Василево ги повикува соодветните и квалификувани Понудувачи за набавка на  специјално моторно возило за собирање на комуналне смет за потребите на ЈКП Турија да ги достават своите запечатени понуди.

 

  1. Поднесувањето понуди ќе се спроведе преку процедури за национално конкурентно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, (од мај 2004 година, ревидирано во октомври 2006 година и мај 2010 година), и е отворен за сите Понудувачи од квалификуваните држави како што е дефинирано во тендерската документација.

 

  1. Заинтересираните Понудувачи може да добијат дополнителни информации од:

Општина Василево и да извршат увид во тендерската документација на наведената адреса од 08:00 до 16:00 часот.

 

  1. Потребните квалификации вклучуваат:

 Финансиска способност:

Понудувачот треба да достави документиран доказ дека ги исполнува следниве финансиски услови: годишен обрт од најмалку 200.000,00 ЕУР во последните три години. Доколку Понудувачот е во форма на Заедничко вложување (ЗВ), сите членови на ЗВ треба заедно да  ги исполнуваат горенаведените услови за квалификација. Главниот носител на заедничкото вложување  треба да исполнува најмалку шеесет проценти од горенаведените  квалификациски услови.

 

  1. Искуство и технички капацитет

Понудувачот треба да достави референтна листа како и копија од  најмалку два (2) успешно спроведени договори во последните три (3) години, за набавка на најмалку две (2)возила за собирање на смет со минимум капацитет од 14м3. Ако Понудувачот е Заедничко вложување (ЗВ), сите членови треба заеднички да ги исполнуваат сите квалификациски услови  и секој од членовите од ЗВ треба да има најмалку еден успешно спроведен договор во последните пет години за набавка на слични стоки.

 

Понудувачот треба да достави детален опис на пост-продажните услуги, сервис, сервисери  и  резервните делови на располагање во земјата на Купувачот за стоките кои се нудат во Понудата. Ако ваквите услуги не се достапни во земјата на Купувачот, Понудувачот треба да достави во понудата писмена потврда дека доколку е успешен, тој ќе биде застапен од страна на агент во земјата на Купувачот, како што е наведено во ИП 17.1(b) и ИП 17.1(b) од ЛПП. Доколку Понудувачот е успешен, тој треба да достави документиран доказ за именување на квалификуван Агент во рок од 28 дена од денот на приемот на известувањето за доделување на договорот.  Неможноста да достави ваков доказ преставува основа за поништување на Договорот. Во тој случај, Купувачот може го додели договорот на следниот Понудувач со најниска цена којшто има квалификации, во согласност со ИП 40.2.

 

 

  1. Понудувачот треба да достави документиран доказ со кој ќе покаже дека стоката која ја нуди ги исполнува следниве услови за употреба:

Понудувачот ќе достави технички карактеристики во согласност со бараните технички карактеристики-спецификации на понудените специјални комунални возила, каталози, фотографии на возилата.

  1. Заинтересираните Понудувачи може да ја купат комплетната тендерска документација по поднесување на писмена апликација на адресата дадена подолу:

Општина Василево, Адреса: улица Василево бб, Поштенски број:2411 Василево , Република Северна Македонија и по плаќањето на неповратна такса од  1,000.00 МКД. Методот на плаќање ќе биде преку ПП50 образец, на следната сметка:

 

За плаќања во МКД – број на сметка

 Народна банка на Република Македонија – број на сметка 100 000000063095

Уплатна сметка – 70901 40800 630 14

Приходна шифра и програма -725939 00

 

Понудите треба да бидат доставени на долунаведената адреса:

 

Адреса:Општина Василево

Број на кат/канцеларија: архива

Поштенски број:2411

Република Северна Македонија

 

не подоцна од:12:00 часот на ден 20,01,2020 година

 

Сите понуди мора да бидат придружени со гаранција на понудата од не помалку од 120.000,00МКД

Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе решат да присуствуваат на адресата наведена подолу:

Адреса:Општина Василево

Во Општинската зграда

Поштенски број:2411

Република Северна Македонија

 

12:00 часот на ден 20,01,2020 година

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево гради на две траси во Добрашинци

naslov

Денес, општина Василево асфалтира на две различни локации во населеното место Добрашинци и тоа  патот од крстосницата пред с.Доброшинци до брана Турија во должина од 800 метри и една улица во Добрашинци во должина од 420 метри, која води од мостот на влезот во селото, преку опфатот на насленото место па се до постоечкиот земјен пат во самото село.

Буџетот за изградба на патот што води кон Брана Турија изнесува  околу 12 000 000 денари , од кои околу 10 000 000 денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и  околу 2 000 000 денари од општинската каса. Ширината на овој пат изнесува 5,5 метри.

За изградба на улицата во Добрашинци, Буџетот изнесува околу 5 300 000 денари од кои околу 3 000 000 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа а остатокот од сопствениот буџет.

Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев  денес беше на терен, каде на лице место се информираше за текот и динамиката на активностите.  Според неговата информација,  согласно планирањата и динамиката со која се одвиваат активностите, двете улици комплетно ќе бидат завршени пред крајот на оваа календарска година.

„Активностите на терен се одвиваат соглано планираното, што значи до крајот на оваа година и патот кон Брана Турија и улицата од 420 метри ќе бидат  целосно завршени. Заради специфичните услови  на теренот,  местоположбата на улицата покрај која има и атмосферски канал,  истата ќе се гради во два слоја, но до крајот на оваа година и таа ќе биде комплетно готова. За жителите на Добрашинци конечно решаваме еден огромен проблем со проодноста и пристапноста кон нивните домови, а со реконструкцијата на патот кон Брана Турија решаваме регионално прашање имајќи  предвид дека истиот води и кон регионалната депонијата Шапкар“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, по извршениот увид во градежните работи на терен.

6_1280x960

14_1280x960

16_1280x960

5_1280x960

12_1280x960

14_1280x960

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail