Author Archives: opstinaadmin

Учениците од „Атанас Нивичански“ го интервјуираа градоначалникот

DSCN5953

Интервју со градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов денес имаа учениците од шесто одделение од ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала. Тие во улога на новинари му поставуваа прашања на градоначалникот. Се интересираа за начинот на работата на локалната самоуправа, за спецификите на професијата градоначалник, но и за останатите аспекти од неговиот живот, за детството, училишните денови и спомените врзани за тој период, за неговото слободно време и хоби, за улогата што ја има како родител, за неговите цели и амбиции, а за крај побараа како прв човек на општината да упати порака и совет до учениците и младите. Градоначалникот Стојанов почитувајќи го детското љубопитство нашироко одговараше на сите прашања за на крај да им порача да бидат добри ученици, добри синови и ќерќи на своите родители, да бидат успешни и се разбира да бидат среќни со она што во иднина ќе го изберат како нивна професија и нивно занимање.
Интервјуто заврши со договор за наредна средба, но овојпат градоначалникот да ги посети во училиштето на некој од часовите.
Интервјуто со градоначалникот, како што ни објасни наставничката Светлана Ѓоргиевска е во рамки на предметот македонски јазик, во делот за медиумите.

DSCN5948

DSCN5957

DSCN5952

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Завршните сметки на дневен ред на 24-та седница

DSCN5930

Завршната сметка на Буџетот на општина Василево и завршните сметки на Јавните општински установи – детската градинка „Прва радост“ и комуналното претпријатие „Турија“, Василево, беа усвоени на одржаната  редовна 24 –та седница на Советот на општина Василево.
Според завршната сметка, Буџетот на општина Василево вклучително со буџетите на единките корисници односно основните општински училишта и детската градинка, во приходниот дел има реализација од 67,78% или изразено во бројки од вкупно планираните 198 412 602 денари реализирани се 134 502 692 денари. Во расходниот дел реализацијата е 56,25% или од планираните 198 412 602 ден. реализирани се 111 601 242 ден.
Додека кај основниот Буџет на општината реализацијата во приходниот дел е 62% или од планирани 116 724 000 ден. реализирани се 73 141 578 денари а во расходниот дел процентот на реализација е околу 39% или од планираните 116 724 000 ден. реализирани се 45 598 631 денари.
Завршните сметки како и Годишниот извештај на општина Василево за 2014 година и Одлуката на Управниот одбор на ЈПКД „Турија“ Василево за распоредување на добивката остварена по годишната сметка и финансискиот извештај за 2014 година, беа изгласани со 9 гласови „за“, додека советниците од советничката група на СДСМ гласаа воздржано.
Советниците и од власта и од опозицијата беа усогласени и едногласно ги усвоија Предлог-Олуката за ослободување од плаќање на престојот во Јавната установа за деца – детска градинка „Прва радост“, Василево која се однесува на децата без родители и родителска грижа и Предлог-одлуката за отпис и расходување на основни средства и инвентар сопственост на општина Василево.
На оваа седница како дополнителна точка на дневниот ред беше ставена уште една точка Преглед на приходи и расходи од спортската сала за 2012, 2013 и 2014 година, предлог кој беше усвоен без дискусии и расправа.

DSCN5931

DSCN5946

DSCN5925

DSCN5939

DSCN5940

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 24-та Седница на Советот на О.Василево

DSCN5467

Во петок (13.03.2015 година) со почеток во 13,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 24-та Седница.

За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:
1. Предлог-Олука за ослободување од плаќање на престојот во Јавната установа за деца – детска градинка „Прва радост“, Василево.
2. Предлог – Завршна сметка на Буџетот на општина Василево за 2014 година.
3. Годишен извештај на општина Василево за 2014 година.
4. Завршна сметка на ЈОУДГ „Прва радост“ Василево за 2014 година.
5. Давање согласност на Извештајот за работатата и годишната сметка на ЈПКД „Турија“ Василево за 2014 година.
6. Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈПКД „Турија“ Василево за распоредување на добивката остварена по годишната сметка и финансискиот извештај за 2014 година.
7. Предлог-одлука за отпис и расходување на основни средства и инвентар сопственост на општина Василево.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Јавен повик за стручно оспособување за авто такси возач

objaven-povik-za-polaganje-na-ispit-za-sertificiran-taksist-222200

Општина Василево распишува јавен повик за пројавување на интерес за спроведување на стручно оспособување на кандидати за добивање на сертификат за авто такси возач.

Во прилог огласот: Jaвeн повик за обука

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот на средба со граѓаните на Добрашинци и Висока Маала

DSCN5847

Градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, синоќа, заедно со претседателот на општинскиот Совет, г-дин Дајанчо Ефтимов и директорката на ЈПКД „Турија“, г-ѓа Лела Митев остварија две одвоени средби со граѓаните на населените места Висока Маала и Доброшинци.
Како што информираше градоначалникот Стојанов целта на овие средби била запознавање на граѓаните со активностите кои локалната самоуправа ги има планирано за тековната 2015 година. Вообичаено за ваквите средби, било разговарано за тековните потреби, главо од сферата на патната и комунална инфраструктура чие решавање е во надлежност на локалната самоуправа.
Со граѓаните на Добрашинци, кои побарале интервенции односно рамнење и насипување на полските патишта било договерено, активноста да се спроведе во соработка со ЈПКД „Турија“, кога ќе се подобрат временските услови.
Вакви средби градоначалникот ќе оствари и со граѓаните од другите населени места на општина Василево, во термини кои ќе бидат договорени заедно со претставниците од месните заедници.

DSCN5857

DSCN5845

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Асфалтирано игралиштето во с. Седларци

DSCN5836

Во населеното место Седларци денес се асфалтираше повеќенаменското игралиште, кое се гради во центарот на селото веднаш до основното училиште.
„ Во месец декември започнаа градежните работи на ова игралиште кое ќе го користат жителите на населеното место Седларци. Функцијата е повеќенаменска а и локацијата е соодветна бидејќи се наоѓа во центарот на селото и е во непосредна близина на самото училиште така што и учениците ќе може да го користат за реализирање на наставата по физичко воспитување. Изградбата на ова игралиште е резултат на континуираното вложување во спортот и спортската инфраструктура од страна на општина Василево“, рече градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов во денешната изјава за медиумите.

DSCN5819

DSCN5826

Вкупниот буџет за реализација на овој проект изнесува околу 2,5 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на општина Василево.
Според градоначалникот Стојанов игралиштето набргу ќе биде комплетно завршено, односно ќе бидат поставени кошевите, стативите и рефлекторите, па со почетокот на убавото време Седларчани ќе можат да спортуваат на своето ново игралиште.
Изведувач на работите е градежната компанија „Пешо Инженеринг“ од Струмица.

DSCN5810

DSCN5818

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дајанчо Ефтимов избран за претседавач со Советот на општина Василево

DSCN5793

Дајанчо Ефтимов советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ на денешната редовна 23-та Седницаа избран е за нов Претседавач со Советот на општина Василево. Ефтимов доаѓа на местото на Илчо Колев кој на 24.01.2015 година ненадејно почина.
Инаку, на Ефтимов ова му е втор мандат како член на Советот на општина Василево.

DSCN5792
На денешната Седница беше пополнето и испразнетото советничко место, кое го зазеде Иван Ристов како следен од советничката листа на Коализијата За подобра Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ.

DSCN5764
Во продолжение на Седницата Советниците ги усвоија сите предлози од дневниот ред.
Со изгласување на Предлогот за воспоставување Меѓуопштинска соработка меѓу општините Василево и Босилово, Советниците дадоа зеленоа светло за отварање клон на детската градинка „Прва радост“- Василево во с. Моноспитово, општина Босилово. Според усвоениот предлог општина Босилово учествува со сопствена зграда во с. Моноспитово и финансиски средства неопходни за функционирање обезбедени од Министерството за труд и социјална политика.

DSCN5770

На истата Седница беа усвоени и Полугодишните извештаи за работата на двете основни општински училишта „Гоце Делчев“ – Василево и „Атанас Нивичански“ – Нова Маала, кои беа презентирани од директорките на овие институции, Емилија Котева и Соња Ничева.

DSCN5799

DSCN5802
Усвоени беа и Годишниот извештај за работата на Центарот за развиј на Југоисточниот плански регион, Програмата за управување со отпад за 2015 година, Локалниот акциски план за социо-економско вклучување на неформалните собирачи на отпад и Одлуката за проширување и измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Василево за 2015 година. На оваа седница прифатена е и оставката на досегашниот претседател на УО на ЈПКД „Турија“ Василево, Димче Митев а на негово место именуван е Ило Иванов од с. Пиперево. Советниците го усвоија и Елаборатот за процена на штета од елементарна непогода што ја зафати општина Василево во деновите 26.01 до 03.02 2015 година, кој се однесува на штетите предизвикани на локалната инфраструктура. Истиот ќе биде доставен до Републичката комисија за процена на штети од елементарни непогоди, Владата на РМ, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство при Собранието на РМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ, од каде и ќе се очекува средства за реконструкција и обнова на оштетената инфраструктура.

DSCN5771

DSCN5786

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 23-та Седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

Во петок, 27.02.2015 година со почеток во 13,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 23-та Седница.

За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:

1. Донесување на заклучок за престанок на мандатот на член на Советот на општина Василево.
2. Верификација на мандат на член на Советот на општина Василево.
3. Давање и потпишување на свечена изјава.
4. Разрешување и избор на претседател на Советот на општина Василево.
5. Предлог-одлука за проширување и измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Василево за 2015 година.
6. Полугодишен извештај за работата на ООУ„Гоце Делчев“, Василево за учебната 2014/2015 година.
7. Полугодишен извештај за работата на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала за учебната 2014/2015 година.
8. Предлог за воспоставување меѓуопштинска соработка.
9. Предлог-програма за управување со отпад на територијата на општина Василево за 2015 година.
10. Донесување на одлука по барањето за финансиска помош поднесено од ловносто друштво „Фазан“ Василево.
11. Годишен извештај за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2014 година.

Седницата ќе се одржи во Салата на Домот на културата во Василево со почеток во 13,00 часот.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Отчет на градоначалникот Стојанов за изминатата година

DSCN5759 (Custom)

Почитувани сограѓани!
Измина уште една година. Година во која ветените проекти беа наш приоритет. Подобрувањето на инфраструкурата , развојот на индустријата и воопшто подобрувањето на животот на сите наши граѓани,беше и ќе биде наша водилка и во наредниот период.Нашата грижа за сите Вас почнувајќи од најмалите,со изградбата на првата детска градинка им ја донесе „Првата Радост“ во општина Василево.
Подобрувањето на условите во образованието го почувствуваа скоро сите населени места и подрачни училишта. Со реконструкцијата на училиштата во Радичево и Чанаклија сите ученици го почувствуваа училиштето како свој топол дом. После изградбата на спортската сала изградени се и повеќе мултифункционални игралишта а во фаза на изградба се и игралиштето во Седларци, двојно тениско во Ангелци а во текот на оваа година и Дукатино ќе добие свое спортско катче.
Патната инфраструктура континуирано се подобрува. Новите улици во наслените места Добрашинци, Радичево, улицата во т.н Варваричка маала во с. Градошорци, реконструираната улица од центарот до училиштето во Пиперево како и локалните патишта Добрашинци – Висока Маала и Радичево – Дукатино значат квалитет во патната инфраструктура – подобри патишта за сите корисници.
Ниту една надлежност на локалната самоуправа и ниту една област од општинското живеење, не е занемарена:
Изградбата на систем за одведување на отпадни води беше проект кој нашата Општина почна да го работи со голем оптимизам. За само една година изградени се 21 700 метри фекална канализација и 1700 метри атмосферска канализација. Проект за чија имплементација можат да позавидат и поголемите општини, а бенефитот веќе го почувствуваа граѓните од Ангелци и Пиперево а во наредниот период истиот бенефит ќе го почувствуваат и граѓаните на Градашорци и Василево бидејќи главниот колектор е веќе завршен.
И она за што општина Василево дава голем приоритет – развојот на индустријата. Индустриските зони во Василево се бренд за нашата Општина. Голем број на стопанственици познати во својата дејност се веќе дел од општина Василево. Повеќе од 70 објекти веќе се изградени и функционираат. Околу 400 граѓани овде ја нашле својата егзистенција. Тоа е процес кој се одвива континуирано а ние како локална самоуправа го поддржуваме.
Подобрувањето на условите за работа, овозможување на комунална и друг вид инфраструктура ќе биде наша заложба и во иднина. Препознавајќи ја нашата грижа за Нив, добрата местоположба, ниските комуналии ќе направи и други заинтересирани бизнисмени да бидат купувачи на градежни парцели во новата индустриска зона во општина Василево. А за кратко време тие ќе бидат наш коректор за намалување на невработеноста а секако и за откупот на земјоделските производи од нашите трудољубиви земјоделци.

Градоначалник на
Општина Василево
Ванчо Стојанов

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Постапка на ажурирање на податоците во катастарот на недвижности 16.2.2015

е-Даноци-2

      Врз основа на член 57 и член 211 од Законот за катастар на недвижности и Законот за изменување и дополнување на законот за катастар на недвижности („Сл.весник на РМ“ бр.55/2013, „Сл.весник на РМ“ бр.115/14 од 30.07 2014 и „Сл.весник на РМ“ бр.41/14 од 24.04.2014 година) Агенцијата за катастар на недвижности го објавува следново

СООПШТЕНИЕ

       Се известуваат носителите на правата на недвижности кои останале со незапишани права во катастарските општини Нивичино и Кушкулија, општина Струмица, дека отпочнуваме со постапка на ажурирање на податоците во катастарот на недвижности. Носителите на правата во периодот од 16 февруари до 31 март 2015 година, од 8,30 до 15,00 часот, во просториите на подрачното одделение за катастар на недвижности во Струмица, ул. Ленинова бб, потребно е да поднесат пријава за ажурирање за податоците на недвижностите.

    Пријавата во електронска форма можат да ја подигнат од официјалната веб страница на Агенцијата www.katastar.gov.mk и електронски да ја достават на имејл адресата d.simevska@katastar.gov.mk.

     За дополнителни информации можете да се обратите и на телефонскиот број на подрачното пдделение за катастар на недвижности Струмица 034 323 601.

Агенција за катастар на недвижности СКОПЈЕ

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail